Кормиер подготвен за првата одбрана на титулата против Луис (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во тешка и лесно-тешка категорија Даниел Кормиер (22-1-0, 1 откажан резултат) ќе ја направи првата одбрана на титулата во тешка категорија против мајсторот на нокаутот Дерик Луис (21-5, 1) на програмата УФЦ 230 во неделата, на 4 ноември.

39-годишниот ДК/DC на мерењето против Дерик Луис тежеше 113.9 килограми, додека Црниот ѕвер беше на 120. Двајцата борци беа премногу тешки.

Настанот е во Меидсон сквер гарден во Њујорк и ќе започне во 4:00 часот наутро.

Еве најважните факти за двајцата: Кормиер е 39, а Луис – 33 години, како шампион во две категории е висок 180 см, а предизвикувачот е 190.5 см. Соодветно Луис има предност во растојанието на рацете – 200.7 см против 182.9 см. Дерик Луис се гордее со рекордот за најмногу нокаути во тешка категорија во историјата на УФЦ со 10, но, пак, Кормиер никогаш не бил нокаутиран во најтешката категорија. Кормиер е еден од двајцата (освен Конор Мек Грегор) борци во УФЦ кои имаат истовремено шампионски појаси во две категории (тешка и лесно-тешка), а Луис го направи најголемиот статистички пресврт во историјата на УФЦ, нокаутирајќи го Александар Волков на УФЦ 229 во последните секунди од губитничка позиција, а во исто време е втор во историјата на УФЦ по бројот на удари против противник на подот, заостанувајќи само зад Каин Веласкез (соиграч на Кормиер).

УФЦ 230:
Даниел Кормиер (113.9) – Дерик Луис (120)
Крис Вајдман (84.4) – Роналдо Соуза (84.1)
Дејвид Бренч (84,2) – Џаред Канониер (84.3)
Карл Роберсон (83,7) – Џек Маршман (84.1)
Дерек Брансон (84,3) – Израел Адесања (84.3)
Џејсон Најт (66.1) – Џордан Риналди (66.1)
Сијара Јубенкс (57.7) – Роксан Модафери (56,6)
Хулио Арче (65,8) – Шејмон Мораеш (66.2)
Бен Саундерс (77,3) – Лиман Гуд (76.9)
Мет Фривола (70.5) – Ландо Ваната (70.5)
Шејн Бургос (66) – Курт Холобог (65,8)
Брајан Келехер (62.1) – Монтел Џексон (61.7)
Адам Вичорек (105.3) – Маркос Рожерио де Лима (114.8)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО