Ла Круз во фантастична борба го победи Гаџимагомедов и го освои вторто олимписко злато

Кубанецот Хулио Цезар Ла Круз, четирикратен светски шампион, освои златен медал на Олимпијадата во Токио. Ла Круз го победи Русинот Муслим Гаџимагомедов, актуелен европски и светски шампион, убедливо со 5-0 во финалето во тешка категорија и го освои второто злато на Игрите. Прв пат победи пред пет години во Рио во полутешка категорија.

Финалето понуди голема борба во која Кубанецот мораше да работи многу напорно, бидејќи неговиот противник имаше 48 победи по ред.

Ла Круз доминираше во текот на целиот меч, а знаеше дека Русинот ќе започне агресивно и се подготви за тоа.

Гаџимагомедов првично се обиде да го фати Кубанецот со моќен удар, но Ла Круз брилијантно се движеше и избегна секој обид на неговиот противник.

Како што одминуваше времето, Кубанецот стануваше подобар, а Русинот стануваше понервозен. И додека ударите на Муслим најчесто влегуваа во празнина, Ла Круз одлично ги искористи тие промашувања и го погодуваше рускиот борец од контра.

Кубанецот два пати се најде на подот, но судијата сметаше дека нема потреба да се брои. Хулио Цезар Ла Круз боксираше брилијантно до крајот и убедливо стигна до својот втор олимписки медал.

Кубанскиот 31-годишен боксерски мајстор ја продолжи успешната аматерска серија, а боксерската јавност се надева дека еден ден Ла Круз ќе започне и професионална кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО