Квесиќ го совлада Жарко Арсовски, во првото коло испаднаа Еркан, Битевиќ

Zarko Arsovski

Единстевниот носител на медал од светските првенства во карате, Жарко Арсовски, кој во 2010 година го освои бронзениот медал, денска во категоријата над 84 килограми беше поразен во првото коло од Хрватот Ангело Квесиќ со 6-1.

Бидејќи Хрватот не дотурка далеку, Арсовски остана без шанса да поправи нешто во репасажот

Денеска очигледно не беше ден на фаворитите и медалистите. Во првото коло беше поразен еден од најдобрите каратисти во оваа категорија, Енес Еркан од Турција, кој беше поразен од Тарег Хадеми од Саудиска Арабија со 8-5, а Слободан Битевиќ од Србија е совладан од Јапонецот Кагава Хидејоши 5-3.

eRKAN ENES PARIS OPEN

Џонатан Хорне – Германија е поразен во третото коло 7-4 од Асиман Гурбанли од Азербејџан.

Во финалето ќе се борат Сајад Ганзадех од Иран и Ачраф Оучен од Мароко. Ганзадех го совлада Босанецот Харис Сујковиќ 2-1, Оучен го совлада Андреј Гриневич со 3-2.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО