Тренерот на карате репрезентацијата за кадети и јуниори во борби, Алексанадар Кузмановски, направи караток преглед за настапот на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Дубровник, Хрватска.
Кузмановски смета дека ова Балканско првенство е во рамките на учество со голем број на натпреварувачи, каде што според неговото искуството не е реална слика за она што го очекувал.
„Лично не сум задоволен од резултатот што е направен, ниту по број на освоени медали ниту по процент на реализација, односно статистичкиот пласман на земјите учеснички. Можевме многу повеќе. Каратистите кои беа Светско првенство во Џакарта, Иноднезија, се заморени и им треба мала пауза до Европското првентво во февруари во Кипар“, вели тренерот на репрезентацијата.
Искрено ги поздравува резултатите на девојките од неговиот тим за кадети и јуниори, но нагласува дека во каратето се вреднуваат индивидуалните резултати.
„Од кадетите и јуниорите (мажи) очекува повеќе, но девојките изненадија. Билансот е: 5 сребрени медали и 2 бронзени, во поединечна конкуренција; екипно четири пехари: два за втроро место и два за трето место. Нешто што е добро на овие балкански првенства е тоа што ќе ни послужи за определување на костурот на репрезентацијата која ќе го претставува македонското карате на европска сцена во Лимасол, Кипар, во 2016 година. Таму треба да ги оправдаме досегашните успеси, за што треба добро да се подготвиме“, констатира Кузмановски.
Тој изразува голема благодарност до Карате федерцаијата на Македонија и сите нејзини тела за секојдневната безрезервната поддршка, а како резултатот на тоа е продолжувањето на успешната соработка со матичните клубови на натпреварувачите, кои заслужено ќе го носат грбот на Македонија во потигнување на високи спортски резултати.
ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ
Моника Пендаровска (-54 кг) во јуниорска конкуренција го освои сребрениот медал, како и нејзината клупска другарка Ангела Мојсовска (-59 кг). Пендаровска ги победи Белма Омеровиќ (БиХ) 3-0, Медина Рамадани (Косово) 4-0, во финалето беше поразена со 9-0 од Турчинката Есра Карабаг.
Мојсовска имаше многу потежок пат и славеше над: Ива Иванова (Бугарија) 3-2, Луција Пресуко (Хрватска) 2-0, Ксенија Рајовиќ (Црна Гора) 4-3 и Радмила Вукеља (Србија) 2-1, а во финалето е поразена од Тања Ропрет (Србија) со 4-0.
Шкеклјим Рамадани (-61 кг, јуниори) го освои сребрениот медал, бидејќи во финалето беше поразен од Лука Кондиќ (Хрватска) 2-1. Рамадани на патот до финалето ги совлада: Даниел Ворман (Хрватска) 6-0, Милјан Цветковиќ (Србија) 1-0, Тит Промижиќ (Словенија)-најверојатно е предадена борбата и Андреј Лумбреа (Романија) 3-0.
Драгана Манговска (-48 кг) во јуниорска конкуренција ги совлада Дајана Симуновиќ (БиХ) и Инес Грдениќ (Хрватска) со по 3-0, а во финалето Србинката Славка Петровиќ беше убедлива со 6-0.
Христина Ристиќ загуби во првата борба со 1-0 од Ивана Џорџевиќ (Србија), но поради тоа што се пласира во финалето ја повлече во репасажот каде што во борбата за бронзениот медал славеше над Алја Јусиќ (БиХ) на изјаснување, бидејќи борбата заврши 0-0.
Симона Симовска –бронзен медал- имаше две борби кои завршија 0-0, а на изјаснување беше изедначено-победа и пораз. Во репасажот беше подобра од Стефани Кресиќ (БиХ) 1-0 и Дина Махмуд (БиХ) 5-0.
Верона Ајдини (-47 кг) го освои сребрениот медал во кадетска конкуренција, додека Гафури Вјолца (-54 кг) е трета. Ајдини ги совлада Нјела Салцин (Б и Х) 5-1, Бојана Јанковиќ (Србија) 8-0, Доротеа Румењак (Хрватска) 0-0 на изјаснување, во финалето е поразена од Леа Вукоја (Хрватска) со 1-0.
Вјолца беше подобра од Валбуена Гервала (Косово) 4-0, Ирис Кориц (БиХ) 1-0, а загуби од Ивет Горанова (Бугарија) 2-0, додека во борбата за бронзениот медал во репасажот славеше над Бруна Цвитановиќ (Хрватска) 1-0.
Јуниорската репрезентација во борби (жени) е поразена во финалето од Турција со 2-1. До финалето славеа над Црна Гора 3-2 и над Бугарија со 1-0. За јуниорскиот состав настапуваа: Јањиќ, Костовска, Мојсовска и Пендаровска.
Јуниорите (мажи) за златниот медал беа поразени од Србија со 11-6. Претходно извојувавме две победи од 3-0 против Хрватска и Романија. Апостоловски, Јакимов, Јалји, Кузмановски, Османи, Спасеновски и Станоев настапува за јуниосркиот тим.
Кадети-мажи во борби екипно (кадети-мажи) го освои третото место на Балканскиот шампионат во Дубровник, во борбата за бронзениот медал ја совладаа екипата на Бугарија со 3-0. Нашиот состав го сочинуваат: Димов, Костов, Мурати, Несторовски, Петков, Смилковски, Весели), кој во првата борба беше совладан од Србија со 4-2.
Кадетската екипа на Македонија (Цветковска, Гафури, Марина, Симовска) во борби е трета на Балканот, откако во борбата за бронзениот медал ја совлада Словенија со 2-1. Во четвртфиналето со Босна и Херцеговина резултатот беше нерешен 1-1, но во полуфиналето отиде босанската репрезентација, која се пласира во финалето и како резултат на тоа се боревме за бронзнеиот медал.
Македонија по бројот на освоени медали (кадети, јуниори и јуниори 21) беше четврта со 23 (3 златни, 11 сребрени и 9 бронзени). Прва беше репрезентацијата на Србија со 43, па Хрватска 27 и Турција15.
Ipon.mk/В.Д.