Иако во официјалниот билтен Карате 1 Пермиер Лигата фигурираше и Дејан Црничиќ, репрензетативецот на Македонија, сепак, не отаптува за Истанбул.
Ова натпреварување е од големо значење за сите кој претендираат за високи пласмани на европски и светски првенства, затоа побаравме одговор од негвиот тренер Елвир Куртановиќ.
„Карате клубот Кеикс е еден од клубовите кој полека се движи кон врвот во македонското карате со клубовите кои имаат репрензетативци во составот на националната селекација на Македонија. Иако таа бројка е во пораст, нас повеќе не загрижува тоа што се соочуваме со сериозни финансиски проблеми, што е и причина за Дејан Црничиќ да не отпатува на Премиер лигата во Истанбул. Дејан е нашиот најдобар сениор, но, за жал, не само на овој, туку и на сите негови настапи, клубот прави максимални напори за да му овозможи на Дејан да учествува на Премиер лигите, Европските и Светските првенства, како член на репрензетацијата на Македонија“, вели Куратновиќ.
До сега патувањата се решавале со средства од неговите родители, на тренерот Куртановиќ и еден мал дел од спонзорства.
„Затоа сме приморани на листата на приоритетни натпревари да ги ставиме само европските и светските првенства, кои и до сега ги плаќавме во целост, со надеж дека АМС во иднина ќе помогне финансиски, барем за европските и светските шампионати, макар и делумно да се надминат овие проблеми“, истакнува поранешниот европски првак за младинци, Елвир Куртановиќ.
Тој посочува дека КК Кеикс има млада генерација на сениори кои покажуваат потенцијали за високи резултати, но поради истата причина не се во состојба да учествуваат на овие натпреварувања.
„Ана Тошевска, Антонио Митев и Александар Толевски се натпреварувачи кои остануваат во трката за високи спортски резултати, со надеж за надминување на овие проблеми, кои беа причина да се откажат натпреварувачи и по 10 години активно тренирање и натпреварување“, тврди првиот човек на Кеикс.
ipon.mk/В.Д.