Македонија го заврши Балканското карате првенство за сениори во Подгорица, Црна Гора, со седум бронзи откако денес машкиот и женскиот кумите тим освоија бронзени медали.
Машкит тим загуби од Србија 0-3, а за бронзениот медал славеше над Босна и Херцеговина 3-0.
Женскиот кумите тим се бореше нерешено со Словенија 2-2, но ги продолжи борбите во полуфиналето каде што загубија од Босна и Херцеговина 0-8, а во борбата за бронзениот медал славеа над Србија 2-0.
Да потсетиме, вчера со бронзени медали се закитија Емил Палов, Вахик Весели и Љупче Михајлов, завчера Викторија Јовановска и Вероника Косотовска освоија бронзени медали во категоријата до 61 килограм.
Преостануваат уште настапите во екипна конкуренција.
На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.
Резултати – Балканско првенство:
Машки кумите тим (Хаџи Кимов, Мијахлов, Мисини, Павлов, Трајковски, Заборски)
Македонија – Србија 0-3
За бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 3-0
Женски кумите тим (Јовановска, Костовска, Мојсовска, Заборска)
Македонија – Словенија 2-2
Полуфинале
Македонија – Босна и Херцеговина 0-8
За бронза
Македонија – Србија 2-0