Кубрат Пулев се обложил на себе на средбата со Фјури и ќарил 50 илјади евра (ВИДЕО)

Најдобриот бугарски професионален боксер во тешка категорија, Кубрат Пулев, за Канал 3 изјави дека следниот меч ќе биде во март догодина во Лас Вегас или Њујорк. Официјалниот предизвикувач за светската титула на ИБФ истакна дека може да го победи шампионот Ентони Џошуа во секое време.

„Чикаго не отпаѓа како опција. Знаете дека правам се за да се борам пред бугарска публика. Противникот уште не е се знае за дуелот во март. Во 2019 година има шанса за меч со Ентони Џошуа. Јас сум подготвен во секој момент да се соочам со него и да го победам. И јас сум млад. Имам многу сила и енергија, стекнато искуство. Добивам се повеќе сила, според мене, на него тоа му е максимумот.

Времето оди во мојот корист. Ќе го победам Џошуа, ќе видите, јас ќе бидам тој што ќе му  го нанесе првиот пораз. За мечот со Фјури. Мислам дека бевме многу гостопримливи кон него и неговиот штаб. А тие правеа „ромски“ броеви. Се обложив на себе си против Хју и освоив 100 000 лева (50 илјади евра)“.

https://www.youtube.com/watch?v=u5CmymvdoK0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON