КСИ сака да боксира со Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ конечно реши да се повлече од професионалниот фудбал.

Ова значи дека тој може да се фокусира на деби во боксот. Оние кои не го познаваат Златан можеби ќе се изненадат кога ќе дознаат дека тој всушност има црн појас во таеквондо и е апсолутно вљубен во боречките спортови. Но, не можеше да ја ризикува својата фигура додека играше фудбал.

Неодамна, Јутјуб ѕвездата КСИ одговори на прашање за потенцијална борба со Златан.

„Би сакал тоа да се случи. Би било неверојатно. Го видов на вреќата. Изгледа дека може да погоди“, изјави КСИ за Ибрахимовиќ.

Златан не одговори, но големи се шансите да го стори тоа на најдобар начин. Боксот на славните е само една од многуте можности отворени за Златан, кој е меѓу најголемите фудбалски легенди.

Нето вредноста на Златан се проценува на околу 190 милиони долари. Тешко дека КСИ може да му даде добра понуда на Златан за да го добие во рингот. Деновиве во боречките спортови учествуваат секакви луѓе, па може и Златан да се вклучи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО