Франциско Кроата Барио го победи Васо Бакочевиќ со гушење во втората рунда на настанот на ФНЦ во белградската сала Пионир.
Тоа беше нивна втора пресметка во која Хрватот потврди дека е подобар борец од Црногорецот.
Нивното прво соочување се случи во септември 2021 година кога Барио исто така го победи Бакочевиќ со гушење.
Тоа беше петта победа за Кроата во неговиот петти настап под покровителство на ФНЦ. По мечот се осврна на валканите потези на Васо.
„Васо четири пати ме удри во глава, а дваесет пати во препоните. Јас сум професионалец, молчев, иако и мајка ми пцуваше. Знаев дека мечот оди по мојот начин и тоа беше тоа. Можам да го победам колку што треба, покажав дека сум подобар борец“, изјави тој по мечот Кроата.
Душан Џакиќ го прозва Франциско кој се согласи на меч.