Во понеделникот попладне, Мирко Филиповиќ објави фотографија која стана моментален хит и веќе во првиот половина час од објавувањето собра неколку илјади лајкови.
Легендарниот Кро Коп со носталгија се потсети деновите на големиот Прајд и на една од неговите средби со друга боречка икона – Федор Емелијаненко.
Она што ја прави фотографијата особено интересна е всушност нејзиниот друг дел. Имено, ова е комбинација на две фотографии од две различни периоди. Првиот ни ги покажува Федор и Мирко и нивното џентлменска ракување, а втората е ситуација на мерењето во очи на борбата меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов.
Ситуацијата со Ирецот и Дагестанецот носи сосема поинакво однесување со сцена која го прикажува обидот на Мек Грегор да го нападне актуелниот шампион во УФЦ.
Времињата очигледно се сменија … Иако е далеку од тоа дека се било совршено во златното вфреме на Прајд, скандалозното однесување на некои борци денес стана еден вид тренд во нивната самопромоција, но и во промовирањето на натпревари и настани каде што настапуваат.
„Прајд никогаш не умира“, пореча јасно Филиповиќ, со објавата што ја преносуваме подолу.