Кро Кап воодушеви со хуманитарниот гест: Останавме без зборови, тој е цар…!

Време е на празници, време кога треба да покажеме дека ние грижа едни за други, дека сме подготвени да помогнеме и да го споделиме она што го имаме. Токму тоа го направи легендарниот ММА борец Мирко Филиповиќ – Кро Кап со новиот хуманитарна гест, покажувајќи ја неговата величина.

Мирко на стационарот за животно Пријатели на Чаковец донираше 1.750 евра за поправка на покривот. Филиповиќ неодамна го вдоми кученцето Меги од тој стационар, а ова беше само продолжение …

„Ми се јави Мирко пред неколку дена кога беше интервјуто со мене за Студио 4 ХРТ. Ми испрати видео од Меги која е вдомена од нашиот азил и која гледајќи ме на телевизија се валала и почнала да пушта некои чудни звуци. Ме праша што ни треба, дали ни недостасува храна. А јас како од топ реков дека ни требаат плочи за да се замени покривот на хангарот каде што ни се болните, повредените и оперираните кучиња, бидејќи се дотраени па пропуштаат“, изјави за Вечерњи лист Александра Хампер од стационарот и додаде:

„Денес во плико со срце, што го праќа Меги со поздарви до неговата мајка Ана која ја вдмои Меги во рајот на земјата донесе 1.750 евра да купиме плочи. Останав без зборови. Кога си цар, тогаш си цар“.

Кро Кап неодамна на сите што планираат да набават домашно милениче и порача:

„Љубовта и благодарноста што ја покажуваат згрижените кучиња е неверојатна. Не купувајте кучиња – вдомете ги“.

https://www.instagram.com/p/Bmk1OsknW8D/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BrsJucWgWJe/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON