Кро Кап тренира висок удар за мечот со Рој Нелсон (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ (37-11-2-1НЦ) се подготвува за дебито во Белатор.

44-годишниот Кро Кап со низа од девет победи влегува во реваншот со Рој Нелсон (23-16) на 16 февруари во Анкасвил.

Во првиот меч во 2011 година „Големата земја“ славеше со нокаут во третата рунда.

Борбата требаше да се одржи во мај во Лондон, но хрватскиот борец ја откажа поради повреда.

42-годишниот Нелсон загуби 7 од последните 10 натпревари и моментално е во низа од два порази.

Во февруари загуби во четвртфиналето за Големата награда на Белатор со мнозинска одлука од Мет Митрионе, а во октомври Сергеј Харитон го нокаутира во првата рунда.

Кро Кап на Фејсбук објави снимка од тренингот на кој вежба удар со нога проследен со пораката: „Високиот удар (High kick ) никогаш не умира“.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/294564427859905/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО