Мирко Филиповиќ продолжува редовно да тренира, што многу добро се гледа по неговата физичка подготвеност. Дополнителен доказ за тоа е видеото што се појави на неговиот профил на Инстаграм. Кро Кап снимил кратко видео на дел од неговиот вечерен „шедоубоксинг“.
Опоравувањето на Мирко Филиповиќ дава многу добри резултати. Всушност и се очекуваше, бидејќи легендарниот борец беше во добра форма. Со лесни тренинзи почна еден месец по мозочниот удар, а со текот на времето го подигна тренингот до ниво што ме беше дозволено од лекарите.
Во салата е секој ден, каде што на борците како Дарко Стошиќ и Сатоши Иши и помага пред големите битки кои доаѓаат следниот месец. Секој совет од Мирко Филиповиќ е несомнено вреден и тој може многу добро успеа да се трансформира од улогата на борец во ментор.
Се разбира, борбите сигурно ќе му недостасуваат некое време, но Мирко Филиповиќ доволному даде на светот на боречките вештини, неговото наследство е огромно, како и место меѓу најголемите спортски легенди. Бидејќи веќе никогаш нема да го видиме во рингот или кафезот, одлично е да го видиме барем во вакво „шоубоксинг“ издание. И се надеваме дека тоа ќе го гледаме уште долго време. Бидејќи Кро Кап и понатаму делува како ѕвер. Всушност, сите потенцијални противници веројатно здивнаа кога конечно стана декао повеќе нема да и се врати на активната борбечка кариера.