Легендата на боречките вештини, 46-годишниот Мирко Филиповиќ нема да пропушти ниту еден тренинг. Кро Кап сè уште е во форма и според објавите на социјалните мрежи, се чини дека сè уште е извонредно подготвен.
За време на кариерата Мирко имаше навивачи низ целиот свет, а со својот смртоносен „висок удар/ хај кик“ ги сруши противниците од Јапонија до Америка.
Во последната објава на Инстаграм, хрватската легенда објави видео од неговите смртоносни комбинации на удари, кои потсетија на најдобрите денови.
И покрај неговата последна борба пред повеќе од две години, во февруари 2019 година тој го победи Рој Нелсон со едногласна одлука на судиите, Мирко изгледа фантастично и се чини дека има уште многу динамит во неговите удари.
Погледнете како изгледаше на тренинг: