Розенструик останува во УФЦ (ВИДЕО)

Жаирзињо Розенструик се пофали на социјалните мрежи дека потпишал нов договор со УФЦ. Борецот, кој е шесторангиран во тешка категорија на УФЦ, потпиша договор за уште шест борби во октагонот.

„Потпишав договор со УФЦ за шест нови борби, а на 25 септември ќе се сретнам со Картис Блејдс на УФЦ 266“, рече Суринамецот во видео објавата на неговиот профил на Инстаграм.

Потсетуваме, пред две недели Розенструик го нокаутира Аугусто Сакаи со звукот на сирената во главната борба на УФЦ Вегас 28.

Жаирзињо Розенструик има биланс од 12 победи и 2 порази во ММА. Тој победи на 11 натпревари пред последниот удар во гонгот (сите со нокаут).

Суринамецот започна громогласно во УФЦ забележувајќи четири победи, сите со нокаут, за време на првата година во организацијата, што му овозможи огромен скок на ранг-листата во дебитантската сезона за организацијата. Сепак, на 9 мај 2020 година актуелниот шампион – Френсис Нгану му го нанесе првиот тежок пораз во ММА за 33-годишниот борец. „Предаторот“ го нокаутира Розенструик по само 20 секунди минати во октагонот. Три месеци подоцна Суринамецот се врати со победа, нокаутирајќи го втората рунда поранешниот шампион Жуниор дош Сантос. На крајот на февруари оваа година Розенструик го претрпе вториот пораз, падна со одлука на судиите од непоразениот Сирил Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО