Шон О’ Мели го предизвика Пјотар Јан

Популарниот американски борец Шон О’ Мели ја објави својата желба да се соочи со Пјотр Јан и да го порази на негова територија во Русија.

„Сакам да го победам Пјотр Јан во Русија. Ова е мојот сон“, напиша Американецот на Твитер.

Одговорот на поранешниот УФЦ-шампион не се чекаше долго.

„Ќе те заспијам за да продолжиш да сонуваш за ова, кадраво момче. Влези во првите 3 пред да го споменеш моето име, пудлицо. Сега морам да ја завршам мојата работа со мајсторот за измама“, одговори Јан.

Шон О’Мели ќе се сретне со Луис Смолка на 10 јули на УФЦ 264 во Лас Вегас, а Пјотр Јан очекува наесен да добие реванш за титулата против Алаџмеин Стерлинг. Во претходна битка Русинот со недозволен удар го погоди противникот и беше дисквалификуван, со што Стерлинг стана шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО