Мирко Филиповиќ се врати во УФЦ за да се одмазди за некои од негови порази. Прв, и спектакуларен, беше против Габриел Гонзага од САД, а Мирко за списанието „Фајтерс онли“ обелодени кој се уште му е на „црната листа“.
„Кро Кап“ влезе во 41 година од животот, но, се уште не смета дека треба да застане.
„Победата над Гонзага ме развесели. И, додека сум среќен во УФЦ, се надевам дека ќе продолжам со борбите“, вели Мирко и додава:
„Но, не постојат гаранции. Ова е ММА. Сите се гладни, секој сака да ти ја скине главата. Ќе бидам подготвен, па дури и ако не успеам, важно е дека сум се обидел. Моите навивачите ќе речат: „Ова е човекот кој имаше богата кариера во Прајд, имаше одлична кариера во К-1. Тој не успеа во УФЦ, но се обиде“. Тоа е важно. Така ги подигам моите деца. Тоа е нешто што навистина сакам да го работам. Тоа е нешто што му го должам на спортот, а си должам и на самиот себе, да победам некои од тие типови“.
Дали Кро Кап сака реванш мечеви со сите свои поранешни противници, кои се уште се активни?
„Со некои да, со некои не. Со Џош Барнет дефинитивно нема да се борам. Се боревме три пати и два пати го победив. Технички, тоа беше три пати, но за прв пат не можам да бидам коректен и тоа да го сметам како победа“, откри Филиповиќ и објасни зошто така гледа на првиот меч:
„Тој беше повреден по 30 секунди. Паѓавме и тој го повреди рамото. Бев прогласен за победник, но тоа не беше победа. Но, да речеме дека сме се бореле два пати и два пати поштено го победив. Инаку, многу го сакам Џош Барнет како борец … Нема смисла повторно да се борам со него“.
И оние со кои Кро Кап повторно сака да ги вкрсти ракавиците се …
„Ногуеира е тука, Рој Нелсон и уште некои борци. Жуниор дош Сантош, дефинитивно, е тука. Можеби Оверим“.
Ова се информација кои ќе го заскокоткаат секој навивач на легендарниот Кро Кап, кој со победата над Гонзага докажа дека се уште може да се натпреварува на највисоко ниво на натпреварувањата.