Кро Кап ја демонстрираше формата пред борбата со Нелсон (ВИДЕО)

За помалку од еден месец, Мирко Филиповиќ ќе го направи своето деби за Белатор ММА во Лондон.

Одличната листа на борби на Белатор 200 на 25 мај ја предводи легендарниот хрватски борец во неговиот реванш меч против Рој Нелсон.

Славниот Кро Кап во ССЕ арената ќе ја брка својата 37-ма победа во ММА, но и реванш за поразот од Нелсон во нивните УФЦ денови.

Нелсон веќе објави снимки од подготовките, а сега и Филиповиќ сподели краток исечок  од тренингот во кој се гледа како со тренерот Стипе Дрвиш ја бруси „стенд ап“ техниката на фокусери.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/1976948729016481/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО