Мирко Филиповиќ на својот Фејсбук профил објави дека неговата следна УФЦ борба е на 28 ноември, на Фајт најт во корејскиот град на Сеул.
За жал, не е познато против кого ќе се бори, веројатно од причина што Филиповиќ нема право да го објави тоа пред УФЦ или некој од овластените и упатени портали. Така што, барем додека не „исплива“ името, повторно ќе започнат нагаѓањата кој би можел да биде противникот.
Филиповиќ треба да настапи во поднасловната борба. Можните противници се нудат и сами, како Мет Митрион.
Повратничка средба во УФЦ, Филиповиќ ја имаше во Краков, Полска, на 11 април, кога го победи Габриел Гонзага.