Ронда се среќава со Холи Холм на 2 јануари

ronda-rousey-ufc purpur

Шокантна вест беше објавена пред неколку минути од УФЦ – следен предизвикувач за шампионската титула во бантам категоријата на Ронда Русеј ќе биде Холи Холм, а не Миша Тејт. 

Веста беше објавена лично од Русеј, која беше гостин на утринската програма „Good Morning America“. Опонентката е поранешен професионален боксер i е со две последователни победи во УФЦ.

Веста беше изненадувачка, бидејќи сите очекуваа дека Миша Тејт трети пат ќе се соочи со Русеј. Но, очигледно, Дана Вајт донел одлука со која ги изненади навивачите. Можеби од УФЦ резонирале дека повеќе ќе печалат ако лансираат двајца непоразени борци отколку трилогија, која веќе е 2-0 во корист на Ронда.

Борбата меѓу двете дами ќе одржи на 2 јануари во Лас Вегас, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО