Мирко Филиповиќ со објава на својата страница на Фејсбук ги предупреди фановите за измама преку социјалните мрежи.
Легендата на хрватските боречки вештини посочи на лажна Фејсбук страница на која сакаат да ги измамат луѓето. Ова е пораката на Кро Кап:
„Тим, не знам дали е потажно што има луѓе кои прават лажна страница на Фејсбук, а потоа ги мамат луѓе со некакво споделување пари, секако дека бараат да остават лични податоци и броеви на кредитни картички за да можат да ги исчистат, или има луѓе толку наивни што, да не користам поостри изрази, кои веруваат во такви приказни и стануваат жртви на ваква измама“.’
„Не мислев воопшто да реагирам, но со оглед на бројот на пораки во кои воодушевените „добитници“ ме известуваат дека току тие ја добиле наградата и се распрашуваат како да ги „подигнат своите евра“, морам да се дистанцирам од ова и да ги замолам луѓето да не паѓаат на толку ефтини финти и да не даваат броеви на сметки, затоа што ќе им бидат испразнети“.
Алберт Ајнштајн: „Само две работи на светот се бесконечни, универзумот и човечката глупост, само што за универзумот сè уште не сме сигурни“.