Илхан Озмен поразен со чудна одлука на ЕП, Аземи утре се бори за медал (ВИДЕО)

215

Илхан Озмен ги заврши натпреварите на Европското боксерско првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора, во категоријата до 64 килограми е поразен со судиска одлука од Ерменецот Галустјан.

Од нашиот табор велат дека Илхан Озмен е поразен од Ерменецот со чудна судиска одлука.

„Во сите рунди Илхан издоминира и со удари и со стил и цело време атакуваше. Како му ја дадоа победата на Ерменецот е непознато. Главата горе, одиме понатаму и уште појако. Имаме уште еден претставник, Ардијан Аземи, кој ќе боксира за влез во полуфиналето“, вели тренерот Васко Цубалесвки.

Така, само Ардијан Аземи ги продолжува борбите на Европското првенство, а утре со победа обезбедува бронзен медал.

На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

ЕП во бокс:

75 кг Ајхан Озмен – Сантијаго Селимај (Албанија) 15 ноември 0-5

64 кг Илхан Озмен – Вaхаг Галустјан (Ерменија) 0-5

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

91 кг Ардијан Аземи – Дује Гаќина (Хрватска) ¼ финале 17 ноември

Борбата на Озмен е прва.

Ipon.mk