Кро Кап: Федор е готов, јас сум можеби и подобар отколку во Прајд (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ одговораше на прашања од новинарите во Анкасвил пред реваншот со Рој Нелсон во Белатор 216.

На 44-годишниот Кро Кап тоа ќе му биде деби за американската промоција и првата борба во САД од октомври 2011 година кога во Лас Вегас во последниот меч во УФЦ загуби од Нелсон со нокаут во третата рунда.

Филиповиќ е 10-1 по заминување од УФЦ. Има 9 последователни победи. Осум постигна со нокаут, а една со сабмишн.

„Тоа е затоа што успеав да останам здрав. Тренирам како никогаш порано и тоа ме прави среќен“, рече Кро Кап.

Дали сте добри како и порано?

„Верувам дека сум. Имам 44 години, но во добра форма сум. Можеби и сум подобар отколку во деновите на Прајд. Поискусен сум. Порелаксиран. Немам повреди и што е најважно добро се чувствувам“.

Какви промени направивте за втората борба со Рој?

„Кај тешкашите работите секогаш се околу кардиото. Овој пат ќе имам предност“.

Веќе некое време не сте се бореле во Америка. Каква реакција очекувате на публиката?

„Немам идеја. Во минатото секогаш имав поддршка од американската публика“.

Каде се гледате во тешката категорија на Белатор?

„Не знам. Размислувам само за оваа борба. Одам борба по борба. Никогаш не знаете. На моја возраст, со 44, иако се чувствувам добро и немам повреди, никогаш не знаете. Некоја повреда, скршеница на ногата или сличнои, мислам дека не би успеал да се ментално да се опоравам од таква повреда“.

Кои промени ги направивте во тренинзите во споредба со своите 20 години?

„Тренирам поинаку. Малку посилно од порано и попаметно. Со текот на годините научив многу за моето тело“.

Се вративте на истата промоција со Федор со кого направивте легендарна борба. Сакате ли реванш со него?

„Искрено, немам желба за реванш. Мислам дека Федор е готов. Мислам дека тоа е готово. Повеќе не може да прима удар. Многу ми е драг. Тој е легенда на овој спорт, но според мое мислење тој е готов“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО