Адесања го УФЦ да ја одземе титулата на Витакер

Непоразениот ММА борец Израел Адесања ги повика шефовите на УФЦ да му ја одземат титулата во средна категорија на Роберт Витакер. Шампионот мораше да се бори против Келвин Гаштелум во саботата вечерта, но неколку часа пред средбата беше пренесен во болница и итно опериран. Според Адесања, Витакер треба да биде лишен од титулата.

„Кога Доминик Круз беше повреден и му правеа операција по операција, УФЦ го лиши од појасот. Ова не е прв или втор пат кога Роберт се повредува. Работите продолжуваат. Не може целата категорија да биде заробена. Еве го мојот предлог. Одземете ја титулата од Витакер и нека се бориме за неа со Гаштелум. Кога Роберт целосно ќе оздрави и ќе биде 100 отосто подготвен, може да се бори со мене за појасот“.

https://www.youtube.com/watch?v=jp5lBm5RKvk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО