Кро Кап е во болница! (ФОТО)

Kro Kap vo bolnicka postela

Мирко Филиповиќ преку неговиот официјален Фејсбук профил во вторникот наутро се јави на своите фанови и тоа од болница. Засега нема дополнителни објаснувања што точно се случува, но не е тешко да се претпостави дека Кро Кап одлучи да ја санира повредата на коленото со која мака мачеше во последниве месеци.

По освојувањето на Ризин Гран при кон крајот на 2016 година, Филиповиќ објави крај на својата кариера, која со триумфот во Саитама супер арена ја заокружи на најдобар можен начин. Откри дека за време целиот подготвителен период имал проблеми со коленото кое по секој тренинг се полнело со вода и имал потребни од секојдневни медицински третмани. Сега дека работата е одрабоетна, Кро Кап може да си дозволи подолг период без тренирање и очеигледно дојде време оваа повреда поштено да се излекува

Во минатото за операциите на Мирко претежно беше задолжен познатиот лекар Худец, за верување дека и овој пат ќе ја санира повредата.

„Еве ги наодите од магнетите. Со колено во ваква состојба на многумина ниту Плејстејшн нема да се борат, а камоли да направат крвави завршни подготовки од 8 недели и да отидат во Јапонија на турнир! А да е лесно – немаше мене да ме снајде. Сега под нож кај докторот Худец“, напиша Филиповиќ со фотографија од наодите на коленото пред неколку дена.

mirko vo postela FB

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON