Кро Кап е суспендиран две години!

Cro Cop so rasireni race

Поради прекршување на анти-допинг правилата, Мирко Филиповиќ, официјално е суспендиран на две години, објави Анти-допинг агенцијата на САД (УСАДА), а веста ја потврди и УФЦ..

Да потсетиме, Кро Кап малку повеќе од пред две недели објави се пензионира поради повреда на рамото која ја создаде премногу проблеми. Набрзо после тоа, на јавноста беше информана дека Филиповиќ призна оти неовластено го употребувал хормонот за раст (ХГХ) за терапевтски цели и поради тоа УФЦ го суспендираше.

Официјалната изјава во врска со случајот дојде од УСАДА.

„Мирко Кро Кап Филиповиќ од Загреб, Хрватска, е санкциониран на две години поради кршење на анти-допинг правилата. Филиповиќ го призна користењето, намерата да го користи и да го поседуваат хормонот за раст (ХГХ), во терапевтски цели на 4 ноември во Загреб, Хрватска. На денот на тестот, пред објавата на било какви резултати, Филиповиќ го контактираше УФЦ и го информираше дека користи ХГХ. Потоа, на 9 ноември ја призна употребата на нелегалните супстанци на УСАДА“, порачаа од Американската анти-допинг агенција.

Кратко соопшѓтение за развојот на ситуација пристигна и од УФЦ:

„УФЦ ги признава двегодишните санкции, кои денеска му беа изречени на Мирко Кро Кап од УСАДА поради кршење на анти-допинг правилата.

УФЦ претходно оваа година ја ангажираше УСАДА, независна агенција, за да се осигура дека сите борци се натпреваруваат во еднакви услови, без употреба на ресурси за подобрување на перформансите. УФЦ го цени признанието на Кро Кап за користење забранетите супстанци и ги поддржува потребнте санкции со намера спорот да се остане чист.

Во меѓувреме, Кро Кап, по кариерата за паметење, објави пензионирање. УФЦ ги презнава неговите успеси во ММА и му посакува се најдобро во иднина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON