Федор Емилијаненко помага во подготовките на четири руски борци

fedor ispraven

Според главниот тренер на руската легенда во ММА, Федор Емилијаненко, тренира во Холандија:

„Во моментов тој е на подготвителен камп заедно со својот тим во Холандија. Таму тренираат ММА“.

На овој начин тие се подготвуваат за отворањето на турнирот Rizin Fighting Federation во Јапонија, а Федор помага во подготовките на четворица руски борци. Ова го изјави во интервју главниот тренер на Русија во мешаните боречки вештини, Геннади Капшаи:

„Во моментов нашите борци се подготвуваат заедно со екипата на Федор. На турнирот во Јапонија, Русија ќе биде претставена од Валентин Молдавски, Вадим Немков, Анатолиј Прекин, Кириле Сиделников.”

Како што знаете, Федор ќе се бори во Јапонија во пресрет на Нова година, но името на противникот се уште не е објавено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО