Кличко: Фјури ќе се соочи со реалноста

Fjuri-klicko eden sproti drug

Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, го предупреди Тајсон Фјури дека многу скоро ќе се соочи со реалноста. Двајцата ќе се сретнат во сабота вечерта во Дизелдорф.

 „Сега е затишје пред бура, останаа два настани пред борбата – отворениот тренинг и мерењето. Потоа ќе се бориме и тоа ќе биде шлаг на тортата. Реалноста постепено се приближува до Фјури. Ја чекам саботната борба. Не знам како се чувствува тој, изгледа мотивиран. Од секој противник очекувам да се претстави подобро од вообичаеното, бидејќи добива шанса на целиот свој живот – да се бори за шампионската титула. Коментарите на прес-конференциите се бесмислени. Значење ќе има тоа што ќе се случи на рингот во сабота“, изјави Кличко во Дизелдорф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО