Кро Кап е јапонски цар (ВИДЕО)

kro-kap-so-peharot-na-rizin

Мирко Филиповиќ (35-11-2) за Нова година ги воодушеви фановите на боречките спортови во регионот и светот, откако на 42-годишна возраст за две минути го нокаутираше Иранецот Амир Алиакбари (5-1) во финалето на Ризин Гран при во Саитама арена во Јапонија и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Претходно славеше против Кинг Мо и Баруто.

Популарниот Кро Кап е топ тема меѓу специјализираните боречки сајтови, и особено меѓу сите влијателни кои се со седиште во Хрватска, а победата на Хрватот сега добива уште поголемо значење бидејќи неуништливиот Филиповиќ откри една навистина неверојатна анегдота по борбата во Јапонија.

Мирко ги шокирал новинарите во салата, обелоденувајќи дека до титулата стигнал со болна повреда на ногата која ја заработил уште во првата борба.

mirko-kro-kap-slavi

„За мене ова беше физички, но пред се психолошки предизвик. Во ваков формат, навистина е многу тешко да се освои Ризин Гран-при. Горд сум што докажав дека се уште можам да го направам тоа. Моето тело има рани, но би сакал повторно да се вратам тука и да настапувам пред оваа публика. Еден мој удар против Кинг Мо налета на неговиот лакт, горниот дел од моето стапало беше отечен во полуфиналето и финалето. Сепак, морав да се справам и со повредата и да продолжам понатаму“, открил Кро Кап кој на овој начин и даде дополнително значење на неговата победа, имајќи во предвид дека пред мечот со Кинг Мо имаше и сообраќајка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON