Џудо федерацијата утре одржува вонредно Собрание, ЏК Миоки смета дека ги нема барањата на клубовите!

dzudo-federacija-logo

Утре во Кавадарци се одржува вонредното Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) кое е свикано по иницијатива на незадоволните клубови во Федерацијата.

Секако, најбитна точка на Соранието е Извештајот за работата на ЏФМ и нејзините тела во 2016 година, потоа програмата за работа за 2017 година и финансискиот план за оваа година.

sobranie-dzfm-dneven-red

Претседателот на ЏК Миоки, Филип Иванов, се обрати до претседателот на ЏФМ, Ванчо Настов, со забелешка дека за вонредното Собрание има направено огромен „пропуст“.

„Имено, дневниот ред кој сте го предложиле не соодветствува со причините поради кои клубовите свикаа Вонредно Собрание односно тоа е дневен ред за некое редовно Собрание. Бараме дневниот ред да го измените и да го доставите до сите клубови согласно барањата за точки на дневен ред на дел од клубовите кои побараа свикување на вонредно Собрание. Доколку дневниот ред остане непроменет, значи дека ЏФМ свикува редовно, а не вонредно Собрание, што е апсолутно неприфатливо во овој случај.

На вонредното Собрание бараме да се расправа исклучиво за проблемите во ЏФМ и решавање на истите, а не и за тековни работи за кои ќе треба да си свикате редовно собрание“, вели Иванов во обраќањето до Настов.

Дописот на Иванов од ЏК Миоки до претседателот на ЏФМ, Ванчо Настов, dneven-red.

Собранието ќе се одржи во Спортската сала „Јасмин“ во Кавадрци.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО