Кристијан Воденски е наречен „Малиот нинџа“ од германската телевизија РТЛ (ВИДЕО)

Vodenski na RTL

Германаската телевизија РТЛ направи прилог за малиот но голем Македонец, Кристијан Воденски, кој со десет години има 50-тина победи во повеќе боречки спортови, поради што го зметаат за чудо од дете во боречките спортови. Оваа теза ја поткрепија и Федор Емилјаненко и Хрвое Знаор.

 Регионалното студио во Хесен на РТЛ-телевизија му ги даде следните епитети на Водернски: „Вистинска интернет-ѕвезда“ и „малиот Нинџа“.

Инаку, Кристијан Воденски живее и тренира во Офенбах, Германија, во ММА Спирит. Новинаркитe Lиза Зиверт и Зимоне Елбинг направија прилог од повеќе од две минути, во кои разговараше со Кристијан Воденски за неговото секојдневние, амбиции и соништа, како и со неговиот татко и тренер, Ванчо Воденски, а кон пофалбите се приклучи и професионалниот борач Даниел Вајхел.
„Овој (белиот – н.з.) го освоив најлесно, и овој го добив лесно, а другите потешко,“ вели Кико покажувајќи ги своите побднички појаси, од кои најдрагоцени му се петте од НАГА-конкуренцијата за деца.

А откако направи „стој на глава“ го кажа и својот сон:
„Сакам да се борам за титулата во САД, како Конор Мекгрегор,“ ефектно заврши малиот Кико како што ефектно ги завршува неговите борби.
Воденски е сестран борач во повеќе вештини – граплинг или бразилско џиу-џицу, кик-бокс, таеквондо, борење (грчко-римски и слободен стил), а се испроба и во бокс. Ја одби понуда за германско државјанство, зашто сака да се бори на Олимписки игри за Македонија! Неговата фан-страница на Фејсбук има речиси 50.000 фанови.

Родителите на Кристијан се родум од беровско Русиново и од Струмица, а живеат во Германија.

Видео.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО