Кристијан Воденски ја одбрани титулата на Меѓународното германско првенство на WFMC федерацијата во кик бокс во лајт контакт.
Денеска во Келн Воденски имаше три борби во категоријата до 25 килограми и во сите три триумфираше со деца попотекло од Турција. Тој настапи под знамето на Македонија за тимот ВФМЦ Македонија.
Најатрактивниот дел од борбите на Кристијан беше неговиот ротациски удар одзади со петица (кикилорис техника).
Кристијан годинава не знае за пораз, без разлика во кој спорт се натпреварува, дали борење, кик бокс или џиу џицу.
ipon.mk/В. Д.