Крис Вајдман го предизвика Мајкл Биспинг

Откако вечера забележа важна победа над Келвин Гастелум, Крис Вајдман не се двоумеше и го предизвика шампионот во средна категорија на УФЦ, Мајкл Биспинг.

„Го предизвикувам овој англиски безделник кој сега плаче дома. Се вратив, бејби!

Се вратив! Како е? Престани да се криеш од вистинскиот маж. Ајде да го направиме тоа. Јас сум шампионот и секој го знае тоа“.

Одговорот на Мајкл Биспинг, макар и лаконски, не задоцни:

„Кажи ми го името, кучко“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON