Крис Кертис се повлече од борбата со Кевин Холанд на УФЦ 307

Крис Кертис се повлече од борбата со Кевин Холанд.

Тие требаше да се борат на УФЦ 307 настанот кој ќе се одржи на 5 октомври во Јута, САД. Кертис има повреда на ногата и ќе отсуствува до крајот на годината. Така Кевин останува без противник и сега УФЦ ќе бара противник за борбата во средна категорија.

Холанд има 26-11-(1) во ММА. Тој има добиено само 3 од последните 7 УФЦ борби. Во последната борба, Кевин го победи Михал Олексејчук во јуни оваа година. Заврши 22 од своите мечеви и падна во финиш 4 пати. Во 2020 година, Кевин забележа 5 победи во УФЦ, со што израмни рекорд на организацијата. Холанд е поранешен шампион на XKO.

Кертис има скор од 31-11-(1) во ММА. Тој има добиено само 2 од последните 6 борби за УФЦ. Крис доаѓа по поразот што го забележа во април оваа година од Брендан Ален. Заврши 18 од своите натпревари и двапати беше завршен. Кертис е поранешен шампион на З промоцијата и ЦЕС ММА.

Останува да видиме кој ќе биде новиот противник на Холанд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON