Крис Јубенк Јун. (25-1, 9 КО) ја одбрани титулата на ИБО во суперсредната категорија откако го победи на поени искусниот Артур Абрахам (46-6, 30 КО).
Абрахам е поранешен трикратен шампион во две категории, но беше надмудрен од младиот боксер.
Јубенк стартуваше енергично и му нанесе доста удари на Абрахам уште во првите рунди.
37-годишниот Абрахам во рингот се борел со некои од најдобрите боксери и успеа да ја преживее тортурата од удари, а по третата рунда нанесе неколку добри погодоци.
Сепак, потоа Јубенк беше надмоќен во битката. Околу деветата рунда Абрахам веќе беше изморен, а малку подоцна го погоди и жестока левица која можеше да го прекине мечот.
Победникот од овој меч стана последниот учесник на турнирот на Светската боксерска супер серија. Јубенк во четвртфиналето ќе се бори против Турчинот Авни Јилдирим (16-0, 10 КО).
Само четири дена откако почина мајка му, шампион на ИБФ во перолесна категорија Ли Селби (25-1, 9 КО) по трет пат ја одбрани титулата победувајќи со едногласна одлука против Џонатан Виктор Бариос (41-5-1, 22 КО) – 119-108, 117-110, 117-110. Селби во 12 рунда го уриваше Аргентинецот.
На настанот настапи и вонбрачниот син на Крис Јубенк постариот, Натанаил Вилсон (4-0-1, 2 КО), кој повторно се зближи со татко му откако не контактирал со него уште од раѓањењото. 28-годишниот Англичанец со технички нокаут во втората рунда го победи иранско-британскиот боксер Јадолах Гасеми (1-10-1, 1 КО).
https://youtu.be/Y7nsAflkNy0
.