Во првата борба во супер средна категорија Крис Јубенк Јуниор (24-1, 19 КО) ја освои ИБО светската титула.
27-годишниот Англичанец со прекин во 10 рунда во Лондон го победи Ренолд Кинлен (11-2, 7 КО). 27-годишниот Австралиец ИБО титулата ја освои во претходната борба нокаутирајќи го поранешениот светски шампион во средна Даниела Гејл.
27-годишниот Јубенк по победата изјави дека повторно би можел да се спушти во средна категорија и да се бори со Генадиј Головкин или Били Џо Сандерс.
„Беше како да удирам во бетон. Огромна почит спрема Ренолд Кинлен. Леташе на другиот крај на светот за да ја брани титулата против еден од најдобрите во светот. Не мораше да го направи тоа“, рече Јубенк.
„Доаѓам по останатите. Дегејл – ги сакам преостанатите заби (Британецот изгуби неколку заби во борба со Баду Џек). Се разбира ги сакам Головкин и Сандерс“.
https://youtu.be/1_swlXJWXoc
https://youtu.be/XlNdAvc6XTY