Крис Јубенк ги посака титулите на Головкин

Крис Јубенк јуниор ќе се обиде да го привлече Генади Головкин во Велика Британија за да му ги одземе титулите во средна категорија на ИБО и на ИБФ.

Ова го откри новиот промотор на Британецот Кале Зауерланд, откако неодамна двете страни започнаа да работат заедно на своите боксерски кариери.

„Головкин е цел на №1. Triple Г е легенда, но може да се победи. Ова е вистинско време за ваков меч. Средбата ќе биде одлична. Може да се направи во Велика Британија. Головкин еднаш се борел тука – со Кел Брук во 2016 година. Во нормални времиња, логично место за таков судир би била Велика Британија, можеби фудбалскиот стадион Брајтон. Сега е време. Головкин е нашиот главен приоритет“, изјави Зауерленд за Скај спортс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON