Красјук смета дека Фјури ќе направи голема грешка доколку не сака да се бори со Усик

Преговорите за апсолутен боксерски шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик неодамна завршија во ќорсокак.

Договорот пропадна и разговорите завршија, а љубителите на боксот уште еднаш беа лишени од голем спектакл.

Кралот на Ромите секој ден имал нови услови, па Усик решил да ги прекине преговорите.

Промоторот на украинскиот борец Александар Красјук изјави дека Фјури би направил голема грешка доколку не сака да се бори со Усик.

„Како и секој љубител на боксот, би сакал да го гледам нивниот меч. Како Украинец, би сакал мојот сонародник да ја освои титулата апсолутен светски шампион. Од наша страна се е во ред, но сите знаеме дека Фјури е искомплексирана личност. На крајот, никој да не се чуди што не била договорена борбата, бидејќи вака се однесува десет години“, рече Александар Красјук и додаде:

„Фјури е шампион на ВБЦ и можеби може да прави што сака, но е професионален боксер, тој е тука за љубителите на боксот. И ако не сака да се бори со Усик, тоа ќе биде најголемата грешка во неговата кариера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО