Ковалев за Ворд: Само нека ме прегрне ќе му ги скршам рацете!

kovalev-vord

Сергеј Ковалев повторно коментира претстојниот супер дуел со Андре Ворд овој викенд, велејќи дека е подготвен драстично да реагира, ако Американецот се обиде често да го „гушка“ во случај на блиска борба.

Андре Ворд сигурно ќе најде начин да ги неутрализира моќта и силата на рускиот боксер, а тоа најверојатно вклучува и повеќе клинчови.

Сепак, Ковалев посочи дека е подготвен да му ги „скрши рацете“ на Ворд, ако проба да направи нешто такво.
„Видов дека може да се чувствува многу удобно кога е во ситуација на блиска борба“, вели Kovalev, додавајќи: „Јас сепак не сум Александер Бренд. Ќе му ги скршам рацете, ако тој се обиде да ме прегрнува или нешто слично“.

Сепак, Русинот побрза да прецизира дека тоа го вели на шега и дека има намера да се бори според правилата на боксот.

„Ќе направам сè што е во рамките на правилата, не подалеку од нив. Никогаш не сум ги прекршил правилата до овој момент. Се е според правилата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON