Флојд Мејведер: Тој е мравка, јас сум слон! Направил ли 300 милиони за една вечер?

mejveder-so-muskuli

Боксерската легенда, Флојд Мејведер, иритиран од споредбите меѓу него и супер ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, кој е несомнено најценет ММА борец во историјата на овој спорт.

Пред извесно време упорно се зборуваше дека Флојд и Конор можат да се сретнат, но до борба не дојде, затоа што настаните поинаку се одвиваа.

Запрашан дали Мек Грегор би можел да се спореди со него, особено по постигнувањата што ги направи Ирецот, Мејведер луто реагираше на прашањето. Тој посочи дека и не го гледал мечот на Конор со Алварез на УФЦ 205.

Еве како „Мани“ Мејведер реагира на споредбите со Конор Мек Грегор, збоврувајќи за ТМЗ:

„Не знаев дека Мек Грегор е непоразен. Не знаев дека тој царувал во ММА во период од 20 години, дека нема пораз и бил шампион на пет различни категории. Тоа е нешто што не го знаев. Изгледа дека вие ми велите нешто ново, ако сметаш дека тој e Флојд Мејвдер во ММА. Се обидувам да дознаам: Тој некогаш направил ли 300 милиони долари за една вечер? Некогаш направил ли 100 милиони за една вечер? Некогаш направил ли 70 милиони за една вечер? Колку и да се обидува да тврди дека тој е Флојд Мејведер на ММА, тоа не е точно. Никогаш не споредувајте го Конор Мек Грегор со мене. Тоа е тотално непочитување. Ќе кажам уште еднаш – јас сум слон. Слоновите не се расправаат со мравки. Слон е толку голем што дури не ги гледа мравките“.

https://www.youtube.com/watch?v=tH497a14tY4
Не задоцни одговорот и од „Злогласниот“.

Откако Конор дозна дека Мејведер буквално го споредувал со мравка, Мек Грегор одговори кратко и јасно: „Дојди и го кажи ми го тоа во лице“.

Погледнете го видео од кратката изјава на Ирецот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО