Ковалев: За вистинска сума може да се борам во ММА и против Мек Грегор

Kovalev so pojasite

Светскиот шампион во полутешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ, 33-годишниот Русин, Сергеј Ковалев, изјави дека е подготвен да се бори по правилата на ММА, но само за навистина добра сума. Тој е подготвен да се сретне и против 28-годишниот Ирец Конор Мек Грегор.

„Дали би се борел со некоја ММА ѕвезда според правилата на мешаните боречки вештини? Ако немаме несогласувања за парите, зошто да не? Конор Мек Грегор? Можам да застанам против него, но и за вистинската сума“.

Во моментов, сепак, Ковалев го очекува боксерскиот дуел против Андре Ворд на 19 ноември во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО