Ковалев од првата до последната рунда го бомбардираше противникот, „вонземјанинот Хопкинс“, на кој судијата уште во првата рунда му броеше до седум секунди. На крајот Русинот го доби мечот на поени, славејќи победа 120-107 и кај двајцата арбитри.
Со овој пораз Хопкинс (49) е се поизвесно е дека ќе стави крај на неговата пребогата кариера.
Ковалев за прв пат во својата кариера мораше да се бори повеќе од осум рунди (досега сите натпревари ги добиваше до осмата рунда), за во 12-тата рунда, Русинот да упати дури 38 прецизни удари кон Американецот, што всушност е најголема серија на удари кои ги примил во својата кариера „Вонземјанинот“.
http://youtu.be/JEAt6o5B9BA