Ковалев: Ако сега се пензионира Ворд, сите ќе знаат дека е кукавица

kovalev-vord

Во неодамнешното интервју за ТМЗ, Андре Ворд изјави дека лесно би можел да се пензионира ако не добие „вистинска понуда“ за реванш со Сергеј Ковалев.

Американецот ги освои ИБФ, ВБО и ВБА титулите во полутешка категорија победувајќи го Ковалевсо контроверзна одлука на судиите минатиот месец во Лас Вегас. Во склучените договори стоеше клаузула за реваншт која Русинот се одлучи веднаш да ја активира.

За првата борба на Ворд му беше гарантирана заработка од 5.000.000 долари, додека Ковалев доби два милиони. Резултати од пеј-пер-вју беа под очекувањата, борбата е продаден само 160 илјади пати. Ворд сака уште повеќе пари за реваншот.

„Поентата е да се постигне добар договор. Поентата е да се доведам себе во вистинска ситуација. Јас го заслужувам тоа“, изјави тој за ТМЗ.

Директорката на Главните настани, кој ја води кариерата на Русинот, Кети Дува, рече дека Ворд е преплатен за неговата борба поради неговите промотори и дека тоа нема никаква врска со неа. Околу платата на Ворд се грижеа негвоите промотори Рок нејшн спорт.

kovalev-i-keti-duva

Што се однесува до поделбата на парите за реваншот, Дува вели дека работите се договорени при потпишувањето на договорот за првата борба.

„Разликата во платите постоеше бидејќи промоторот на Ворд, од која било причина, одлучи од својот џеб да му даде пари на својот борец. Да сум богата како Џеј Зи можеби и јас ќе го направев тоа“.

„Зборував со Сергеј за тоа и тој разбира. Оваа промоција не заработила толку многу за да исплати такви плати, не знам дали следната борба ќе заработи толку“.

„Џеј-Зи има договор со Ворд и тоа е нивна работа. Платата на Сергеј се базира на реалноста и повторно ќе се базира на реалната состојба. Што се однесува до поделбата на парите, тоа е се испреговарано. Тоа што Ворд сака повеќе пари, тоа е меѓу него и неговиот промотор“.

Ковалев се уште е убеден дека го победил Американцот во првиот меч.

„Се разбира, сега сфаќа дека ќе мораме повторно да се бориме и почнува да зборува дека нема да му биде проблем да си замине од боксот. Па, ако си оди сите ќе знаат дека е кукавица“, рече Ковалев.

„Можете да видите на мојот Инстаграм снимки од прогласувањето. Беше шокиран кога му ја доделија победата. Може јасно да се види дека човекот одеше како да е поразен и тогаш кога го објавија победникот неговото држење и однесување нагло се променија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО