Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека Омер Мемеди ќе добие општинска спортска стипендија за остварениот врвен спортски резултат.
– Омер Мемеди од Општина Бутел (Љуботен) Македонија ја направи побогата за уште еден голем спортски успех, поточно брозен медал од официјално европско првенство У15 во Борење слободен стил кое се одржа во Хрватска. Позборував со Омер и неговиот тренер, истакнав дека сум тука секогаш кога ќе биде потребна мојата помош, бидејки станува збор за врвен спортист кој под државните бои може да реди врвни спортски резултати. Омер е скромно момче со голем потенцијал, му посочив дека овој резултат не треба да го опушти, туку напротив да го мотивира за понатака, затоа што тек допрва му доаѓаат големите предизвици. Од срце му посакав еден ден да биде олимписки медалист. Омер Мемеди доби плакета како благодарница што тој со овој успех само потврдува дека без дилема Општина Бутел е најспортска Општина во Македонија. Исто така Омер од страна на општината ќе добие спортска стипендија, напиша Костовски во својата Фејсбук објава.