Корнеев држи семинар во БК Лирија

Borenje i mok

Eекспертoт на Обединетото светско борење (ОСБ/ UWW – FILA), Миколај Корнеев вечерва ќе биде главен предавач на олимпискиот семинар што ќе се одржи во Скопје во просториите на БК Лирија. Тој е ангажиран и целосно финансиран од Македонскиот олимписки комитет (М ОК), за унапредување на македонското борење.

 

Олимпискиот семинар ќе содржи теоретски и практичен дел, а учесници ќе бидат тренери, претставници на боречките клубови од Скопје и други градови. Составен дел од олимпискиот семинар ќе бидат и нашите најдобрите борачи во слободен стил, сениори и јуниори.

Претходно Корнеев одржа семинар во Штип 17 октомври. Семинарот ќе почне во 19:00 часот, на кој ќе присуствуваат генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски и Владимир Богоевски, директор на МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON