Кормиер за позитивните допинг тестови на Џонс: Тој е измамник!

Поминаа речиси две години откако Даниел Кормиер се повлече од спортот, но некои работи се уште го мачат.

Поранешниот шампион во полутешка и тешка категорија не може да се помири со поразите од Џон Џонс. Тие се бореаа во 2015 и во 2017 година.

Џонс го победи Кормиер во двете борби, но исто така беше позитивен на допинг-тестот во годините на пресметките.

Кормиер се прашува дали исходот од средбите ќе беше поинаков доколку Џонс беше чист.

„Ме победи, а потоа беше суспендиран поради позитивен допинг тест“, изјави Кормиер. „Секогаш кога се боревме добиваше казни поради стероиди. Но, луѓето се сеќаваат дека ме победи.

Можеби е подобар од мене. Но, знам и дека користеше работи кои го направија посилен. Ако не ги земаше, ќе можеше ли да се мери со мене?

Не можам да го трпам тоа. Тој е измамник“.

Кормиер смета дека Џонс не го достигнал целиот свој потенцијал, а позитивните допинг тестови само го оцрнуваат постигнатото.

„Тој има многу добар борбен инстинкт, но некако не може целосно да ја развие својата големина. На пример, Израел Адесања е се што луѓето очекуваа од Џонс како ММА борец. Да останеше чист, тој можеше да биде човекот и луѓе да го сакаат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON