Кормиер сака трета шанса против Џон Џонс

Шампионот на УФЦ во лесно-тешка категорија Даниел Кормиер сака по трет пат да се бори со Џон Џонс.

Поранешната ѕвезда на националниот тим за борење во САД ги загуби првите два натпревари. Во втората средба беше брутално откажан, но резултатот од средбата беше поништен поради позитивниот допинг тест на неговиот ривал.

„Чувствувам дека имам моќ да го надмудрам. Да, загубив два пати од него. Вториот беше многу убедлив, исто како и првиот. Мислам дека во третата епизода ќе бидам многу подобар“, вели Коримеир.

Следниот тест за Кормиер не е ништо помалку сериозен од борбата против Џонс. Тој ќе се бори во почетокот на јули против УФЦ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ.

https://youtu.be/DMcw77xb30A

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON