Кормиер: Никогаш нема да има помирување со Џонс

Даниел Кормиер вели дека нема намера во иднина да ги релаксира односите со Џон Џонс.

Жстокото ривалство меѓу актуелниот и поранешниот шампион во полутешка категорија во УФЦ трае со години. Во октагонот Џонс два пати беше подобар. Во 2015 година го победи со едногласна одлука, а во реваншот одржан пред две години го нокаутираше Кормиер во третата рунда, но победата му е одземена по падот на допинг-тестот.

Ривалството започна со метежот што го предизвикаа во Лас Вегас 2014 година.

40-годишниот ДК во меѓувреме стана шампион во тешка категорија и идниот викенд ја брани титулата против Стипе Миочиќ, против кого и го освои појасот.

„Кога ќе му кажете на човек дека ќе го убиете, тука веќе нема мир. Засекогаш ќе остане вака“, рече шампионот во тешка категорија за ЕСПН во емисијата Е:60.

„Не ми се допаѓа. Никогаш не се сакавме еден со друг и секој што кажува поинаку, лаже“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО