Кормиер: Конор Мек Грегор го направи Хабиб мегаѕвезда

Поранешниот шампион во две тежински категории на УФЦ, а сега коментатор и аналитичар Даниел Кормиер му се заблагодари на Конор Мек Грегор што им помогна на Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер да станат ММА ѕвезди.

Факт е дека Нурмагомедов воопшто не беше познат пред борбата со Конор Мек Грегор. Победата над Мек Грегор го издигна Нурмагомедов до светска слава. Тогаш Хабиб дури беше поканет на средба со Владимир Путин.

„Орелот“ однесе рекорден хонорар по оваа борба која дефинитивно му го промени животот. Истото може да се каже и за Пориер, кој двапати го победи Мек Грегор и зеде рекордна заработка. Кормиер му се заблагодари на Мек Грегор за овие гестови.

„Конор одгледа двајца од моите најдобри пријатели. Две момчиња кои ги сакам, кои ги ценам повеќе од сите други. Мек Грегор го издигна Хабиб Нурмагомедов во мегаѕвезда.

Конор го издигна Дастин Пориер на ниво на слава за кое Дастин никогаш не можеше да сонува порано. Така, Мек Грегор не помага само на себеси, туку и на момците со кои влегува во октагонот.

Особено на оние кои можат да го победат“, рече Кормиер на Јутјуб каналот ЕСПН ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО