Кормиер: Изгубив од Џонс, но тој беше подобар. Миочиќ не беше подобар од мене и за тоа ќе жалам цел живот

Даниел Кормиер потешко го поднесе поразот од Стипе Миочиќ отколку оној од Џон Џонс.

ДК го нокаутира Миочиќ во летото 2018 година и ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ. Една година подоцна, американскиот Хрват му врати со нокаут во четвртата рунда.

Кормиер ведеше на поени додека Миочиќ не почна многу успешно да го напаѓа телото на противникот, со што го отвори патот за нокаут.

„Јас сум подобар борец од Стипе Миочиќ. Го почитувам. Мислам дека е одличен човек, одличен пример, но јас сум подобар од него. Само сакам да го докажам тоа“, рече тој на ММА Шоуто со Ариел Хелвани.

„Загубив од Џонс, но тој беше подобар од мене. Стипе Миочиќ не беше подобар од мене и за тоа ќе се жалам цел живот, што му дозволив да дојде до победа против мене. Тоа никогаш не требаше да се случи”.

41-годишниот Американец планира да ја заврши кариерата со трета борба со Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON